SportM
Фудбал

Марка тврди дека Бејл се исмева со Реал Мадрид

Д М17 ное 2021
Марка тврди дека Бејл се исмева со Реал Мадрид

Герет Бејл повторно се повреди, а мадридскиот весник „Марка“ смета дека Велшанецот повторно ги исмева Кралевите.

Бејл последен пат играше за Реал на 28 август. Потоа се повреди, но отиде да игра и за репрезентацијата, каде сакаше да игра и да го забележи својот 100-ти настап за Велс.

„Долго време е невозможно да се дешифрира. Не се знае дали е голфер кој игра фудбал во слободно време или фудбалер кој игра голф во слободно време“, додава „Марка“.

„Реалноста на оваа драма е веќе досадно сценарио: гласини за неговото заминување, повреди, терени за голф, голови без славење, патување со Велс и договор“, наведува „Марка“.

Се на се, Бејл на Реал одамна не му носи ништо, а зема премногу. Ќе видиме дали клубот во одреден момент конечно ќе се ослободи од него, иако тој има добри односи со сегашниот тренер Карло Анчеоти, далеку подобри од оние со поранешниот тренер Зинедин Зидан.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.