SportM
Фудбал

Маркизио го најави пензионирањето од фудбалот, Иниеста го поздравува со возбудлива порака

Д М3 окт 2019
Маркизио го најави пензионирањето од фудбалот, Иниеста го поздравува со возбудлива порака

Андрес Иниеста, поранешната ѕвезда на Барселона која сега игра во Јапонија за Висел Коби, на Твитер ја поздрави поранешната ѕвезда на Јувентус, Клаудио Маркизио, кој денес го најави своето пензионирање од фудбалот.

„Уживав кога гледав како играш, но уште повеќе кога се натпреварував против тебе. Денес фудбалот е малку помалку фудбал.. Благодарам за сè Клаудио”, напиша Шпанецот.

Во својата кариера, Маркизио има освоено 8 првенства, 7 со Јувентус и 1 со Зенит, 3 италијански суперкупови и 4 италијански купови.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.