Марко Ројс избран за најдобар во Бундеслигата
Д М4 јун 2019

Напаѓачот Марко Ројс беше избран за најдобар фудбалер од неговите колеги во Бундеслигата.
Капитенот на Борусија Дортмунд собра 31,4 отсто од гласовите откако постигна 17 гола минатата сезона и го освои сребрениот медал со својот тим. Тој ја освои наградата по трет пат, по 2012 и 2014 година.
Лука Јовиќ од Ајнтрахт заврши втор со 20,9 отсто, а младата ѕвезда на Баер Леверкузен Каи Хаверц, кој е цел на германскиот шампион Баерн, остана трет со 12,4 отсто.
Ади Хутер од Франкфурт стана тренер на годината со 41,8 отсто од гласовите. Тој го надмина Флоријан Кофелд од Вердер Бремен, кој собра 15 отсто.
Дебитант на годината е Џејдан Санчо од Дортмунд со 51 отсто од гласовите.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



