Марота го критикуваше Брозовиќ, пристигна одговорот типичен за Балканците

Марсело Брозовиќ беше запрен на улиците во Милано пред неколку дена, откако помина низ црвено светло бидејќи возеше под дејство на алкохол.
Возачката дозвола на Брозовиќ беше одземена, а ниту во Интер не седеа со скрстени раце, и хрватскиот играч од средниот ред беше казнет со 100 000 евра.
„Ни треба повеќе внимание во приватниот живот на фудбалерите“, рече директорот на „Нероазурите“, Џузепе Марота, велејќи му на Брозовиќ дека мора да се смири.
Она што следуваше беше комичен одговор нешто типичен за Балканците. Брозовиќ тоа го стори преку Инстаграм.
„Ветувам … само вода“, рече Брозовиќ, предизвикувајќи лавина коментари. Одговорија Ромелу Лукаку, Дејан Ловрен, Раѓа Наинголан, Иван Перишиќ и многу други.
Перишиќ му рече дека од денес има нов прекар „Аква Гасата“, а Ловрен му рекол полека да започне да користи такси.
https://www.instagram.com/p/CComK83pMWs/?utm_source=ig_embed



