Марсело клекна и плачеше пред навивачите, а потоа неговите соиграчи направија потег за паметење (ВИДЕО)

Реал синоќа со своите навивачи во Мадрид ја прослави титулата европски првак.
Кралевите со победата од 1-0 над Ливерпул во Париз стигнаа до 14. трофеј во најдобрата европска екипа, а играчите и стручниот штаб вечерва беа пречекани како вистински кралеви.
За неколку играчи на Реал Мадрид ова е последен пат да се појават во дресот на овој клуб. Си заминуваат Герет Бејл, Иско и апсолутната легенда Марсело кој го крена трофејот.
Марсело помина дури 15 години во Реал. Со овој тим освои апсолутно се, но раководството на клубот реши да не му понуди продолжување на соработката.
Бразилскиот лев бек го напушта клубот. Синоќа последен пат ги носеше боите на Реал и не можеше да ги задржи емоциите.
Marcelo in tears 🥹🤍
— MadridistaTV (@madridistatvYT) May 29, 2022
Расплаканиот Марсело излезе на сцената, клекна на колена, а потоа на сцената излегоа останатите играчи на Реал. Го опколија за утеха, по што следеше голем огномет и познатата песна на Квин – ‘We are the champions’.
Marcelo emocionado 🥲, la Champions 🏆 lanzada al cielo de Madrid y espectacular juego de pirotecnia 💥💥💥 en el Bernabéu 🏟https://t.co/ivaLZSlWBF #DeParisACibeles #RealMadrid pic.twitter.com/81NZju4UtE
— MARCA (@marca) May 29, 2022
Марсело за Реал Мадрид одигра вкупно 546 натпревари и постигна 38 голови.



