Марсело останува во Реал до крајот на кариерата
Д М6 сеп 2018

Фудбалерот на Реал, Марсело соопшти дека ќе остане во мадридскиот клуб до крајот на кариерата.
Претходно повеќе светски медиуми шпекулираа дека 30-годишниот Бразилец може да се пресели во Јувентус каде замина Кристијано Роналдо.
– Слушнав многу глупави работи, наводно ќе сум одел кај Роналдо во Јувентус. Сакам да потенцирам дека ќе останам во Реал до крајот на кариерата, изјави Марсело за италијанските медиуми.
Марсело е во Реал Мадрид од 2007 година. Со тимот од „Сантијаго Бернабеу“ има четири освоени титули во Шпанија и исто толку во Лигата на шампионите.
Во тековната сезона, Бразилецот одигра четири натпревари за Реал Мадрид.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



