SportM
Фудбал

Мбапе бојкотира, одби да се фотографира со останатите играчи

Д М19 сеп 2022
Мбапе бојкотира, одби да се фотографира со останатите играчи

Францускиот напаѓач и фудбалер на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе одби повторно да се фотографира со останатите ѕвезди на националниот тим.

Мбапе повторно му создаде проблеми на раководството на Француската фудбалска федерација (ФФФ). Мбапе одби да позира на првата фотосесија на репрезентацијата. Ова е втор пат годинава младата ѕвезда да одбива да се фотографира.

Првично, на 22 март годинава, тој одби да се слика со француската репрезентација бидејќи одредени спонзори чии логоа би се појавиле на фотографиите не пропагираат морални и етички проблеми.

Овој пат спорот настана околу правата на сликите на играчите.

„Килијан Мбапе одлучи да не учествува на фотосесијата закажана за овој вторник со француската репрезентација, откако Федерацијата одби да ја промени конвенцијата за правата на имиџот на играчите“, објаснува агенцијата АФП.

Францускиот напаѓач, во договор со својот адвокат, сметал дека играчите треба да имаат право да ги контролираат брендовите со кои се поврзуваат меѓународните фудбалери. Сепак, Француската фудбалска федерација во моментов не размислува за варијации во однос на спонзорите кои го спонзорираат актуелниот светски шампион.

Највисокото тело на францускиот фудбал нема да промени ниту трошка од спонзорскиот договор до кој мора да се придржуваат играчите кои се повикани на Светското првенство во Катар.

По состанокот кој беше откажан во март, Ноел Ле Грает, претседателот на Француската фудбалска федерација, одржа состанок во јуни со мајката на Мбапе и неговата адвокатка, Делфин Ферхејден, за да се договорат за правата на сликата, но не беше постигнат напредок. а спорот не беше решен..

Неколку дена подоцна, адвокатите на Мбапе напишаа изјава во која уверуваа дека договорите мора да се променат за да се прилагодат на спортот: „Се верува дека овој договор, склучен во 2010 година, мора да се измени за да биде во чекор со развојот на спорт и методи на комуникација. Средбите ќе се интензивираат за да се постигне нова верзија на договорот пред следното Светско првенство“.

Во понеделник (денес оп.а) започна собирот на француската репрезентација, а претседателот на Федерацијата Ле Грает ќе има средба со играчите кои доаѓаат на собирот за да разговараат за спорните имиџ права.

Впрочем, Мбапе долго време сака да ги промени правилата за користење на имиџ правата на француските фудбалери. Во моментов се користи договорот потпишан во 2010 година. По Светското првенство во Јужна Африка, претседателот на ФФФ, Ноел Ле Гре, одлучи да го прекине системот за бонус на играчите обезбеден од федерацијата. Наместо тоа, федерацијата почна да им ги исплаќа на играчите парите што и беа префрлени од спонзорите за сликите на фудбалерите. Секој играч добивал приближно иста сума – во просек од 20 до 25.000 евра за секој хонорар.

Мбапе не е задоволен од ваквата ситуација и ваквата распределба во репрезентацијата. Тој не се согласува дека неговото име се користи за рекламирање спонзори со кои нема договори – особено, ова се однесува на некои како Betclic, KFC и Coca-Cola. Тоа се главно брендови кои Мбапе ги смета за „нездрави“.

Она што би можело да се случи поради незадоволството на Мбапе се можните проблеми на ФФФ со споменатите компании и други спонзори, додека некои француски ѕвезди би можеле да изразат незадоволство поради тоа што се во репрезентацијата се врти околу Мбапе.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.