Connect with us

Фудбал

Мбапе ги демантира медиумите: Нема шанси да одам во Реал во јануари

Францускиот ас Килијан Мбапе ги демантираше пишувањата на некои медиуми дека ќе го напушти Париз и на зима ќе се пресели во Мадрид.

Договорот со францускиот репрезентативец истекува на лето, а беше најавено дека тој во јануари би можел да се пресели во Реал за да може ПСЖ да земе некаква отштета за него.

„Не, нема ништо од тоа, нема да се преселам во Реал Мадрид во јануари. Тоа сигурно нема да се случи во јануари“ , нагласи Килијан Мбапе и додаде:

„Јас сум играч на Пари Сен Жермен, многу сум среќен и тврдам 100 отсто дека ќе ја завршам сезоната во овој дрес. Ќе дадам се од себе за да донесам што повеќе трофеи во Париз оваа сезона .

„Светците“ по првиот дел од сезоната убедливо ја држат лидерската позиција во Лига 1 со дури 13 бода повеќе од второпласираната Ница. Мбапе е најдобар стрелец на тимот со девет гола. Тој е и најдобриот пакувач во лигата со осум асистенции.

Интересно е што ривал на Париз во нокаут фазата од Лигата на шампионите ќе биде Реал Мадрид, клубот со кој медиумите го поврзуваат по истекот на договорот со Пари Сен Жермен.

Реклама

Facebook

Реклама