Connect with us

Фудбал

Мбапе и Ендрик сега, а слетното лето нова „бомба“ на Реал Мадрид од 150 милиони евра!

Реал Мадрид веќе е на прагот да договори голема зделка за 2025 година, откако неодамна ги доведе Килијан Мбапе и Ендрик. Според шпанските медиуми, за точно една година во Мадрид треба да пристигне одличниот германски офанзивен играч за врска, Флоријан Вирц, откако Реал ги договорил условите за соработка со него, па му останува уште да се договори со бундеслигашот Баер од Леверкузен.

Германскиот репрезентативец кој има 21 година му ветил на клубот дека ќе остане член на тимот и следната сезона. После тоа, Вирц и Реал почнаа преговори, па и таму се беше договорено. Она што сега се очекува е договор меѓу клубовите. Трансфермаркт го проценува Вирац на 130.000.000 евра, а „Марка“ пишува дека за негово доведување ќе бидат потребни уште 20 милиони, односно Реал ќе плати 150 милони евра.

Во неодамна завршената сезона, Флоријан Вирц беше еден од најзаслужните за историските резултати на Баер, првата освоена титула во Бундеслигата, трофејот во Купот на Германија и пласманот во финалето на Лига Европа. Тој одигра вкупно 49 натпревари во сите натпреварувања, постигна 18 гола и додаде 20 асистенции. Виртц е стандарден член на првиот тим на Баер веќе четири сезони. Тој собори бројни рекорди во Бундеслигата, бидејќи во најсилната германска лига дебитираше на само 17 години и 15 дена, во мај 2020 година. Тој ќе биде една од најголемите надежи на германската селекција на Европското првенство кое почнува в петок навечер со натпреварот меѓу Германците и Шкотите во Минхен. Чекор по чекор Реал ги собира речиси сите најдобри млади играчи во светот и се чини дека не и се гледа крај на доминацијата во европскиот фудбал.