SportM
Фудбал

Мбапе: „Ќе се вратиме“

Д М19 дек 2022
Мбапе: „Ќе се вратиме“

Мбапе го заврши турнирот во Катар како најдобар стрелец откако постигна хет-трик во финалето.

Најдобриот француски фудбалер Килијан Мбапе за првпат проговори по поразот во финалето на Светското првенство од Аргентина.

Мбапе само преку социјалните мрежи испрати кратка порака.

„Ќе се вратиме“,  напиша 23-годишниот играч на ПСЖ.

Мбапе го заврши турнирот во Катар како најдобар стрелец откако постигна хет-трик во финалето.

Тој веќе има 12 гола на своето конто на Мундијалите и може да се очекува да го мине Мирослав Клосе, кој со 16 гола е на врвот на листата на стрелци на планетата.

Килијан Мбапе веќе има едно Светско првенство во колекцијата, пред четири години во Русија, а несомнено е дека во продолжението на кариерата со својата Франција ќе биде сериозен кандидат за освојување на уште еден Мундијал.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.