Мбапе: Одењето во Реал беше лесно

Еден од најдобрите млади играчи во светот, Килијан Мбапе, во интервју за „Спортс илустрејтед“ ја откри причината поради која решил да остане во Париз, наместо да замине во веќе видениот трансфер во Реал.
Преселбата во Реал изгледаше како завршена работа. Меѓутоа, наместо да замине во Мадрид како слободен играч, младата ѕвезда на „светците“ и француската репрезентација реши да го продолжи договорот и да остане во Париз.
– Во Париз книгата е целосно бела. Тоа е можност. Треба да размислувате на поинаков начин. Се разбира, полесно е да се оди во Мадрид. Но, јас имам амбиција. Јас сум Французин. Јас сум дете на Париз, а да се победи во Париз е навистина посебно чувство. За да го запишете вашето име во историјата на вашата земја за време на вашиот живот. Кога го објавив тоа беше силна порака. Менталитетот на луѓето се смени, почнаа да сфаќаат дека не мора да одат – изјави Мбапе .
Одличниот напаѓач се подготвува за Светското првенство во Катар, каде што ќе се обиде со својата репрезентација да го направи она што последен пат Бразил успеа да го направи во 1962 година за да ја одбрани титулата.



