SportM
Фудбал

Мбапе почитува само еден човек во соблекувалната на ПСЖ!

Д М4 сеп 2022
Мбапе почитува само еден човек во соблекувалната на ПСЖ!

Килијан Мбапе одлично ја започна новата сезона во Франција со седум гола на пет натпревари.

Одличните игри на Мбапе на теренот се во сенка на неговиот став, реакции и однос со другите ѕвезди во соблекувалната на ПСЖ. Општ впечаток е дека тој не е омилен меѓу соиграчите.

Во изминатите неколку недели на површина излегоа многу валкани алишта. Сè изгледа идилично пред камерите и на теренот, но реалноста е поинаква. Така барем тврдат француските медиуми.

Познато е дека француската ѕвезда нема многу пријатели во соблекувалната, но се чини дека тој вистински цени и почитува само еден човек од сите соиграчи.

Станува збор за Серхио Рамос, тврд дефанзивец и поранешен капитен на Реал Мадрид, кој на одличен начин ја контролираше соблекувалната на кралевите.

Имено, по фантастичниот гол против Нант, Мбапе направи нешто што не го направил досега оваа сезона. Тоа беше јасен сигнал дека тој го смета Рамос за „постар брат“. Погледнете што се случи.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.