SportM
Фудбал

Мбапе размислува да го напушти ПСЖ

Д М20 окт 2020
Мбапе размислува да го напушти ПСЖ

Францускиот напаѓач го сакаат големите европски клубови, Ливерпул, Барселона и Реал Мадрид.

Килијан Мбапе може да го напушти ПСЖ на крајот од оваа сезона.

Француската sвезда сè уште не го продолжи договорот со сегашниот клуб и овој факт предизвика шпекулации за негово можно заминување.

Овој 21-годишник го сакаат големите европски клубови како Ливерпул, Барселона и Реал Мадрид, пишува францускиот медиум „Ле Паризиен“.

Францускиот репрезентативец има договор со ПСЖ до 2022 година, но планира да замине следното лето.

ПСЖ може да го продаде во 2021 година за да не го изгуби без пари откако ќе му истече договорот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.