SportM
Фудбал

Мбапе: Според сите критериуми ја заслужувам Златната топка

Д М20 јун 2023
Мбапе: Според сите критериуми ја заслужувам Златната топка

Фото: Soccer Football – Ligue 1 – Angers v Paris St Germain – Stade Raymond Kopa, Angers, France – April 21, 2023 Paris St Germain’s Kylian Mbappe celebrates scoring their first goal REUTERS/Stephane Mahe – UP1EJ4L1K5KBE

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе изјави дека заслужува да ја добие „Златната топка“ која се доделува на најдобриот играч во светот, пренесува Јуроспорт.

Мбапе оваа сезона постигна 54 гола во дресот на „светците“ и француската репрезентација. Тој го престигна легендарниот сонародник Жист Фонтен по бројот на голови во домашни и меѓународни натпреварувања во една сезона.

Франција ја победи Грција со 1:0 во квалификацискиот натпревар за Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Германија, а Мбапе го постигна единствениот гол на овој натпревар.

„Секогаш е тешко да се зборува за индивидуален трофеј, бидејќи тоа треба да го постигнете сам и тоа е нешто што не мора да „помине“ во очите на пошироката јавност. Нови критериуми, се работи за некој што се истакнал…. Мислам дека одговарам на овие критериуми, па би рекол дека сум меѓу кандидатите. Но, ќе видиме“, изјави Мбапе за TF1.

Златната топка ќе биде доделена на 30 октомври, а покрај Мбапе, кандидати се Лионел Меси, Ерлинг Халанд, Кевин Де Брујн и Винисиус Жуниор. Оваа награда минатата година му припадна на поранешниот играч на Реал Мадрид, Карим Бензема.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.