SportM
Фудбал

Мбапи задоцни на натпреварот од по малку смешна причина

Д М31 окт 2018
Мбапи задоцни на натпреварот од по малку смешна причина

Ѕвездата на ПСЖ Килијан Мбапе задоцни на натпреварот против Марсеј, поради што тренер Томас Тухел го казни, оставајки го на клупата за резерви.

Мбапе не се појави на време на последниот технички-тактички состанок, кој беше закажан во 17 часа, четири часа пред почетокот на големото дерби.

Според француските и шпанските медиуми, Мбапе задоцни, бидејќи не можеше да се одвои од телевизијата. Го гледал Ел Класико, а во 17 часот завршил првото полувреме од најголемото дерби во светот помеѓу Барселона и Реал Мадрид (5:1).

Мбапи не беше единствениот што ја пропушти средбата, бидејќи Рабиот му правел друштво. Тухел и него го остави на клупата поради истата причина.

Двата играчи добија шанса во второто полувреме од натпреварот, а Мбапи постигна одличен гол, го постигна само три минути по влегувањето во играта. ПСЖ славеше со 2:0 и остана на прво место со максимум 33 поени од 11 натпревари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.