SportM
Тајм аут

Мејведер за Божиќ му купил на својот двегодишен внук вила од 20 милиони долари

Редакција26 дек 2024
Мејведер за Божиќ му купил на својот двегодишен внук вила од 20 милиони долари

Фото: tv21m

Пензионираниот непоразен боксер Флојд Мејведер го почести својот внук со божиќен подарок од 20 милиони долари.

Имено, Мејведер на својот двегодишен внук Кентрел Голден му купил зграда на Шестата авенија во Менхетен, Њујорк. Оваа зграда се наоѓа во таканаречениот Дијамант Дистрикт, а во неа се сместени деловни простории, канцеларии, продавници за дијаманти и голема рекламна табла.


“Кога бев млад, купував во таа продавница. Не ни сонував дека еден ден ќе го поседувам тоа место. Се е можно кога си посветен и работиш напорно”, изјави Мејведер.

Да потсетиме, Флојд во кариерата забележа 50 победи и ниту еден пораз и стана еден од најбогатите спортисти. Неговото богатство се проценува на нешто помалку од 500 милиони долари, додека во кариерата од боксот заработил околу 1,1 милијарда долари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.