Менди е ослободена од обвинението за силување

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди е ослободен од едно од осумте обвиненија за силување поради недостиг на докази, објави судот во Честер.
Кообвинетиот Луис Саха Матури исто така беше ослободен од две точки од обвинението за силување и сексуален напад. Настаните наводно се случиле во јули и август минатата година.
Францускиот дефанзивец, кој е суспендиран од неговиот матичен клуб на една година, е на суд од август во Честер и дополнително е обвинет за седум точки за силување, еден обид за силување и еден сексуален напад.
Саха Матури, кој нема врска со поранешниот фудбалер Луис Саха, се уште е обвинет за шест точки за силување и три точки за сексуален напад. И двајцата ги негираа обвиненијата од почетокот на судењето.
Benjamin Mendy found not guilty of one count of rape as trial continues 🚨 https://t.co/fbrUyB0S0a
— The Independent (@Independent) September 13, 2022
Менди (28), кој го освои златото со Франција на Светското првенство во 2018 година, помина повеќе од четири месеци во истражен затвор од август минатата година до почетокот на оваа година.
Тој беше под судски надзор до почетокот на судењето. Менди се пресели во тимот од Манчестер во 2017 година за 52 милиони фунти (околу 61,4 милиони евра).



