„Меси беше многу нервозен, гласно пцуеше, сакаше да ме убие“

Во сезоната 2020/21. ПСЖ ја елиминира Барселона од Лигата на шампионите по вкупен резултат 5:2.
За време на натпреварот помеѓу овие два тима, Лео Меси го изнервира Леандро Паредес за груба интервенција.
Меѓутоа, вистинската причина за се е сосема поинаква. Паредес сега открива и вели дека кавгата почнала со еден одговор кој самиот си го дал.
„Беше изнервиран затоа што им дадов коментар на соиграчите и ме слушна. Беше многу нервозен. Многу гласно пцуеше. Сакав да паднам на земја. Сакав да си одам дома“, изјави Леандро Паредес, цитиран од Мундо Депортиво.
“По тој момент го видов во репрезентацијата и се однесуваше како ништо да не се случило. Ми покажа каков е како личност. Нашите односи се многу добри. Сега кога се сеќаваме на тој момент, се смееме. Но, тогаш тој сакаше да ме убие“, открива Паредес.
Конечно, овие двајца Аргентинци летово станаа соиграчи во ПСЖ со кој заедно ја освоија шампионската титула на Франција.



