SportM
Фудбал

Меси: Бев сигурен во овој тим од првиот ден

Д М13 дек 2022
Меси: Бев сигурен во овој тим од првиот ден

Репрезентацијата на Аргентина се пласираше во финалето на Светското првенство во Катар откако во вторникот во Доха ја совлада Хрватска со 3:0.

По неубедливиот старт на Мундијалот и поразот од Саудиска Арабија, „гаучосите“ постепено ја подобруваа формата и сега се на прагот да се искачат на светскиот врв по трет пат во историјата. Последен пат шампионите беа во 1986 година во Мексико.

„Има многу мисли во мојата глава, многу е интересно да се доживее сето ова. Гледајќи ги сите тие луѓе, семејство… Ќе го одиграме последниот натпревар на турнирот. Тоа е она што го сакавме. Тука сме да ја искористиме нашата шанса“, изјави Лионел Меси и продолжи:

„Ќе понесам многу впечатоци, емоции и искуства со мене од ова светско првенство. Од првиот ден бев сигурен во овој тим. Она низ што поминуваме е неверојатно. Мислам и на моето семејство кое секогаш ме следи. Ќе уживаме во успехот со аргентинскиот народ“.

На 18 декември, Аргентина во финалето ќе се сретне или со Франција или со Мароко. Вториот полуфинален дуел е закажан за в среда од 20 часот.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.