SportM
Фудбал

Меси: Бразил, Франција и Англија пред сите

Д М15 ное 2022
Меси: Бразил, Франција и Англија пред сите

Фудбалерите на Аргентина се во групата Ц на Светското првенство со селекциите на Мексико, Полска и Саудиска Арабија.

Првиот натпревар ќе го одиграат во вторник на 22 ноември против Саудиска Арабија, а навивачите на Аргентина и Лионел Меси се надеваат дека јужноамериканската репрезентација ќе остане на турнирот до финалето кое е закажано за 18 декември.

„Сите сме полни со надеж, имаме добра и високо мотивирана екипа, но мораме да одиме чекор по чекор. Сите знаеме дека групите на Мундијалот не се лесни“, изјави Меси.

Аргентина го освои светското сребро со Меси во 2014 година, а минатата година конечно стигна до Копа Америка. Сонува за злато во Катар, но кога зборува за фаворити не ја споменува својата Аргентина.

Бразил, Франција и Англија се чекор понапред од сите“, изјави Меси.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.