SportM
Фудбал

Меси е чудо, но не би имал место во Сити и Ливерпул

Д М7 јул 2022
Меси е чудо, но не би имал место во Сити и Ливерпул

Поранешниот англиски репрезентативец Дени Милс во подкаст зборуваше за најдобрите фудбалери на сите времиња.

Поранешниот играч за врска на Лидс, Манчестер Сити и други англиски клубови вели дека Лионел Меси е најдобриот фудбалер што некогаш го видел во живо:

 

„Не сум ги видел Кројф, Марадона, Пеле со свои очи, но затоа Меси е дефинитивно најдобриот играч што сум го видел во живо. Знам дека бројките на Кристијано Роналдо би можеле да бидат малку подобри, ако е подобар во важните натпревари и сите, но во однос на чистата фудбалска способност, Меси е најголем“, изјави 45-годишниот Дени Милс.

Сепак, тој смета дека Меси повеќе не е тоа што беше, особено откако се пресели во Пари Сен Жермен.

 

Малку е веројатно дека врвните премиерлигашки клубови би го земале во моментов“. Ливерпул сигурно не, ниту Сити. Па, ниту Тотенхем… Мислам дека ниту еден Топ 6 клуб не би го земал“.

 

Дени Милс играше 19 пати за Англија од 2001 до 2004 година.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.