Меси ги изгуби нервите поради ВАР: Срамота е, двапати не зае*авте!
Д М13 ное 2020

Аргентина ремизираше против Парагвај во квалификациите за СП. Беше 1:1, иако Аргентинците го постигнаа вториот гол, но тој беше поништен со асистенција на ВАР.
Стрелец беше Лионел Меси, но голот последователно беше поништен бидејќи судиите сметаа дека неговиот соиграч претходно направил фаул. Ова го налути Меси, кој му замери на судијата.
„Двапати не зае*авте“, рече Меси, кревајќи два прста.
„Двапати се сетивте на нас. Неверојатно е, срамота “, повтори одличниот Аргентинец кој не можеше да се помири со таа одлука.
Во Аргентина се разочарани што не стигнаа до побеќе бода.
https://youtu.be/2jroSJgViqQ
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



