SportM
Фудбал

МЕСИ ГО ЗГАЗИ ДРЕСОТ НА МЕКСИКО, СО НЕГО ГО ЧИСТИ ПОДОТ! Боксер и се заканува на ѕвездата на Аргентина: Нека се моли на Бога да не го најдам!

Д М28 ное 2022
МЕСИ ГО ЗГАЗИ ДРЕСОТ НА МЕКСИКО, СО НЕГО ГО ЧИСТИ ПОДОТ! Боксер и се заканува на ѕвездата на Аргентина: Нека се моли на Бога да не го најдам!

По поразот во првото коло од Саудиска Арабија, Аргентина во саботата го победи Мексико со 2-0 и се доближи до пласман во осминафиналето на Светското првенство.

По натпреварот фудбалерите на Аргентина ја прославија победата во соблекувалната. Објавени се неколку снимки од соблекувалната, а на едната се гледа дека Лионел Меси , водечкиот стрелец, го гази дресот на Мексико.

Овој потег ги налути Мексиканците, а најгласен беше боксерот Канело Алварез.

– Видов дека Меси го чисти подот со нашиот дрес и знаме. Нека се моли на Бога да не го најдам. Како што јас ја почитувам Аргентина, тој треба да го почитува Мексико. Не зборувам за сите Аргентинци, туку само за ова срање што го направи Меси во соблекувалната и што сите го видовме  – изјави боксерот.

Според многумина, Мексиканецот е најдобриот боксер во светот надвор од тешка категорија. Во кариерата има 58 победи, два порази и две нерешени.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.