SportM
Фудбал

Меси му кажал на Чави на неодамнешната вечера кој играч на ПСЖ, Барселона не треба да го носи на лето?

Д М5 фев 2022
Меси му кажал на Чави на неодамнешната вечера кој играч на ПСЖ, Барселона не треба да го носи на лето?

Во пресрет на јануарскиот преоден рок се шпекулираше дека Чави Симонс би можел да се врати во Барселона.

Симонс како момче пристигна во Барселона, каде ги мина речиси сите млади категории, но потоа ги изненади сите во летото 2019 година, кога реши да го напушти клубот и да замине во ПСЖ.

Беше пред преселба во Барса Б и пред портите на првиот тим на каталонскиот клуб, но ги шокираше сите со одлуката кариерата да ја продолжи во ПСЖ.

Симонс дебитираше за францускиот клуб во април минатата година, но успеа да забележи само шест настапи за ПСЖ. На крајот на минатата година се шпекулираше дека Симонс жали за заминувањето во ПСЖ, а размислува да се врати во Барселона.

Наводно, тој ги понудил своите услуги на каталонскиот клуб и да дојде во Барселона на крајот од сезоната како слободен играч откако ќе му истече договорот со ПСЖ.

Сепак, шпански Ел Национал објави дека нема да има ништо од тоа и тврдат дека главен „виновник“ за тоа е Лионел Меси. Ел Национал наведува дека Меси неодамна вечерал со Чави, Бускетс и Алба и дека му рекол на тренерот на Барселона да не го враќа Симонс во клубот.

Наводно, Меси му рекол на Чави дека Симонс не се развива доволно добро во ПСЖ каде има исклучително скромна минутажа и дека тоа не е вистинското решение што се однесува до Барселона.

Симонс по се изгледа ќе биде слободен играч на крајот од сезоната, а дали ќе може да се врати во Барселона останува да видиме. Исто така не му оди во прилог што навивачите на Барселона не го сакаат назад бидејќи се разочарани што пред неколку години го остави клубот на цедило и замина во ПСЖ.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.