Меси, Нејмар и Мбапе го истурија бесот на кутриот Клермон: Три хет-трика на “Габриел Монпеди”

ПСЖ го совлада Клермон со 1:6 во 31. коло од Лига 1.
Интересно, актери на сите шест гола беа Нејмар, Мбапе и Меси. Нејмар и Мбапе постигнаа по еден хет-трик, а Меси постигна хет-трик асистенција. Нејмар додаде и асистенција.
Првиот гол беше постигнат во 6. минута. Нејмар погоди за 0:1 на асистенција на Меси, а 13 минути подоцна Мбапе ја искористи асистенцијата на Аргентинецот и го удвои водството.
Досу во 42. минута намали на 1:2 и ја врати неизвесноста на овој натпревар.
Клермон се надеваше дека ќе стигне до бод до дваесетина минути пред крајот на натпреварот, а потоа започна ураганот на тимот од Париз.
Најпрвин Нејмар погоди од пенал за 1:3, три минути подоцна асистираше до Мбапе за 1:4, Французинот доби асистенција од Меси во 80. за 1:5, а во 83, хет-трик го комплетираше Нејмар.
ПСЖ е прв и ќе ја освои титулата во Франција. Имаат 71 бод, 15 повеќе од Рен и Марсеј, додека Клермон е 17-ти со 28, само еден бод повеќе од Ст. Етјен кој е прв под линијата.
Следното коло Клермон му гостува на Мец, додека ПСЖ ќе му гостува на Марсеј.



