SportM
Фудбал

Меси нема да биде како Роналдо – Аргентинецот ги отдби арапските 300.000.000!

Д М14 јан 2023
Меси нема да биде како Роналдо – Аргентинецот ги отдби арапските 300.000.000!

Ал Наср го убеди еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, да се пресели во Саудиска Арабија и да игра во тамошното првенство за 200.000.000 евра, истото се обиде со Лионел Меси уште еден саудиски гигант, Ал Хилал.

Клубот од Саудиска Арабија на најдобриот играч на Мундијалот во Катар му понуди астрономски 300.000.000 евра и сакаше да го направи Аргентинецот најбогат спортист во историјата, но тоа не беше доволно.

Според новинарот на шпанскиот Спорт, Жоан Вехилс, Меси кратко размислувал и се откажал од преселба во Саудиска Арабија. Фудбалерот на Пари Сен Жермен дефинитивно останува во Европа.

Прашање е само дали 35-годишниот ќе остане во Париз или ќе го напушти „Паркот на принцовите“ следното лето кога ќе му истече договорот.

Најверојатно Меси ќе го продолжи договорот со Пари Сен Жермен и ќе игра во француската Лига 1 во сезоната 2023/24.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.