Меси номиниран за МВП наградата по само 5 одиграни натпревари

Фото: CHESTER, PENNSYLVANIA – AUGUST 15: Lionel Messi #10 of Inter Miami CF celebrates after scoring a goal in the first half during the Leagues Cup 2023 semifinals match between Inter Miami CF and Philadelphia Union at Subaru Park on August 15, 2023 in Chester, Pennsylvania. (Photo by Tim Nwachukwu/Getty Images)
Лионел Меси се најде на списокот од 30 играчи кои конкурираат за наградата најдобар МЛС играч во лигашкиот дел од сезоната.
И немаше да има ништо спорно доколку Меси не одигра само пет натпревари во лигата.
Меси пристигна во Интер Мајами кога сезоната беше добро напредната, одигра пет натпревари, последните четири ги пропушти поради повреда, а како што стојат работите нема да игра ниту на преостанатите три до крајот на првенствениот дел од сезоната. Интер тешко дека ќе влезе во плеј-офот.
Факт е дека Меси го одведе Интер до финалето на Лига купот, кое го прескокна, но дотогаш на седум натпревари постигна десет гола. Сепак, тоа не се смета во статистиката која одлучува за МВП на МЛС.
Сепак, тоа не ги спречи Американците да го вклучат на списокот на играчи кои конкурираат за наградата најдобар, МВП на лигата.
На списокот е и Серхио Бускетс, кој исто така пристигна доцна во сезоната и одигра осум натпревари за Интер во лигата.
И Меси и Бускетс беа номинирани за наградата дебитант на годината, која се доделува на играчи кои се нови во МЛС.
Номиниран за наградата МВП
Лучијано Акоста, Тиаго Алмада, Артур, Кристијан Бентеке, Андре Блејк, Денис Буанга, Роман Бурки, Серхио Бускетс, Јулијан Каранза, Метју Коиниер, Хесус Фереира, Стефан Фреј, Рајан Гулд, Чарлс Гил, Кучо Ернандез, Јоргос Јакумакис, Хектор, Лионел Меси, Џордан Морис, Хани Мухтар, Китон Паркс, Рики Пуч, Алан Пулидо, Емануел Рејонсо, Сантијаго Родригез, Џонатан Сириос, Карол Свидерски, Ерик Томи, Факондо Торес.



