Connect with us

Фудбал

Меси призна дека му се јавил на Чави, а потоа ги изненади сите: „Не се сеќавам што сум му напишал“

Лионел Меси беше во шок кога Жоан Лапорта летово му кажа дека не може да потпише нов договор со Барселона.

Меси имал намера да потпише нов договор со каталонскиот клуб и да остане на „Камп Ноу“, но на крајот бил непријатно изненаден кога сфатил дека тоа нема да се случи.

Поради огромни финансиски проблеми Барселона на крајот не можеше да му понуди на Меси продолжување на соработката, а Аргентинецот потоа реши кариерата да ја продолжи во дресот на ПСЖ.

Меси се уште се навикнува на новиот тим и дури минатиот викенд успеа да го постигне својот прв гол во францускиот шампионат.

Тој даде и ново интервју за шпанска „Марка“ во кое призна дека еден ден сака да се врати во Барселона бидејќи таа е негов дом.

“Ми рекоа дека не можам да останам, дека не можам да го обновам договорот. Не знам дали има нешто надвор од финансиското прашање. Ми рекоа дека не можам да потпишам, останувам на тоа. Веќе кажав дека Еден ден ќе се вратам во Барселона, мојот дом е таму, сакам да живеам таму“, изјави Меси.

Тој откри дека се слушнал со Чави откако стана тренер на Барселона и дека му испратил порака, но додаде и дека „не се сеќава“ што точно му напишал.

„Не се сеќавам што му напишав, но знам дека му честитав за враќањето. Бев во контакт со него сите овие години откако ја напушти Барселона во 2015 година“, додаде Меси.

Познато е дека има одлични односи со Дани Алвеш, но не крие дека се изненадил кога го видел Бразилецот како се враќа во Барселона.

„Искрено, доаѓањето на Дани ме изненади, особено во овој момент. Мислам дека тоа ќе биде добро засилување, како и Чави, особено за младите играчи. Алвес ќе му помогне на тимот да биде подобар, го има тој победнички менталитет. Може да им помогне на младите играчи на теренот, но и пошироко“, вели Меси.

Реклама

Facebook

Реклама