SportM
Фудбал

Меси, се чини, заврши со Барселона, засекогаш

Д М22 дек 2022
Меси, се чини, заврши со Барселона, засекогаш

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта откри зошто ќе биде исклучително тешко да се врати поранешниот напаѓач Лионел Меси во клубот.

 

Аргентинецот пред две лета го напушти стадионот „Камп Ноу“ во ПСЖ, а иако се шпекулираше дека би можел да се врати во Каталонија или да замине во американската МЛС лига, моментално е најблиску до потпишување на нов договор со „светците“.

„Очигледно би сакал Меси да се врати еден ден. Би сакал, но не можеме да изградиме тим врз основа на очекувања. Тој е играч на ПСЖ, има договор со нив. Само што го освои Светското првенство. Многу сме среќни поради него. Она што не сакам е да создавам очекувања кои се многу тешки“, рече Лапорт и продолжи:

„Зедовме позајмица за да го спасиме клубот бидејќи беше во многу тешка ситуација. Сега Ла Лига постави ограничувања за користење на заеми. Би било можно да се изведат некои од тие операции, но не би било да се потпише договор со ниту еден играч“.

35-годишниот Аргентинец порасна во славната академија на Барселона и со клубот од стадионот „Камп Ноу“ освои 34 трофеи, меѓу кои и четири ЛШ.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.