SportM
Фудбал

Меси се разболе откако ја доби Златната топка

Д М30 ное 2021
Меси се разболе откако ја доби Златната топка

Во понеделникот, напаѓачот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси, почувствува голема радост откако беше прогласен за најдобар фудбалер во светот во последната година, но во вторникот мораше да стапи во контакт со својот работодавец од француската престолнина бидејќи не се чувствува добро. Можно е асот од Росарио да го пропушти мечот што „светците“ ќе го одиграат против Ница во среда.

На Меси во понеделникот му беше доделена Златната топка по рекорден седми пат во кариерата, а многу авторитети од светот на фудбалот не се согласија со ваквата одлука на редакцијата на Франс Фудбал.

На официјалниот сајт на францускиот вицешампион е објавен извештај за здравствениот билтен.

„Лионел Меси и Леандро Паредес не учествуваа на тренингот во вторникот наутро поради стомачни проблеми.“

Тренерот на тимот, Маурисио Покетино, сериозно сметаше на славниот Аргентинец, особено имајќи предвид дека поради повреда отсуствува Бразилецот Нејмар. Поради повреда отсуствува и Дракслер, а за следните дуели треба да бидат подготвени рековалесцентите Андер Ерера и Џорџино Вајналдум.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.