SportM
Фудбал

Меси се уште не го одбил ПСЖ, но има многу прашања

Д М5 апр 2023
Меси се уште не го одбил ПСЖ, но има многу прашања

Фото: PARIS, FRANCE – APRIL 02: Lionel Messi of PSG during the Ligue 1 match between Paris Saint-Germain and Olympique Lyon at Parc des Princes on April 02, 2023 in Paris, France. (Photo by Tnani Badreddine/DeFodi Images)

Неизвесна е судбината на најдобриот светски играч Лионел Меси. Се шпекулира дека е блиску до заминување од ПСЖ, но работите се уште не се целосно јасни.

Според L’Equip, на Лионел Меси му е понуден нов договор од париските сили, но со значително намалување на платата, за клубот да не излезе од рамките на финансискиот фер-плеј.

Аргентинецот не е задоволен од понудата, па размислува за заминување.

„Скај Спортс“ објави дека Меси се интересирал и за тоа какви ќе бидат плановите на клубот за следната сезона и дали ќе имаат конкурентен тим за освојување на Лигата на шампионите.

Тој е заинтересиран за трансфер стратегијата во летото што претстои, како и дали Кристоф Галтиер ќе остане тренер и дали Луис Кампос ќе остане спортски директор.

Да потсетиме, голем број медиуми вчера пишуваа за големиот интерес на Саудиска Ал Хилал за аргентинскиот волшебник.

Менаџерот Фабрицио Романо објави дека му се нуди годишна плата од над 400 милиони евра, но и дека следен приоритет му е да игра во европскиот фудбал, барем до Копа Америка во 2024 година.

Исто така, Романо наведува дека Барселона е решена Меси да се врати на Камп Ноу.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.