SportM
Фудбал

Меси, спремен да потроши милиони за да го извади Роналдињо од затвор

Д М14 мар 2020
Меси, спремен да потроши милиони за да го извади Роналдињо од затвор

Лионел Меси планира да потроши четири милиони долари за да помогне во ослободување на Роналдињо од затворот во Парагвај, по вестите за апсењето на бразилската фудбалска легенда минатата недела.

Роналдињо и неговиот брат се појавија пред суд пред една недела под обвинение дека користеле лажни пасоши за да влезат во главниот град на Парагвај, Асунсион.

Роналдињо, заедно со неговиот брат Роберто Асис, се наоѓаат во затворот Квадлатерал. Во овој затвор се наоѓаат политичари за корупција и шверцери на дрога.

Поранешната sвезда на Барселона би можела да помине до шест месеци во затвор додека не заврши судската постапка против него и неговиот брат.

Сепак, медиумот „90 минути“ пренесува дека Меси планира да му помогне на својот поранешен соиграч од Барселона во правната битка, ангажирајќи четворица адвокати да го бранат Бразилецот во тужбата. Четворицата адвокати, наводно, ќе го чинат Меси околу четири милиони долари.

Дуото Меси-Роналдињо се креира откако Меси за прв пат ја напушти академијата на Барселона и рано играше под водство на Роналдињо. Првиот гол на Меси во кариерата како професионалец го постигна по асистенција на Роналдињо.

Во јули 2019 година на Роналдињо му беше одземен бразилскиот и шпанскиот пасош, заради неплаќање данок и казни за нелегална градба на заштитен локалитет во Бразил.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.