Меси вечерва започнува од клупата

Интер и Барселона вечерва ќе играат големо дерби во 4. коло од лига на Лигата на шампионите, а за многумина најинтересното прашање дали Лео Меси ќе игра на овој натпревар.
Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, на прес-конференција рече дека Меси ќе игра само ако е подготвен 100 проценти и не сака да ризикува ништо со него.
Од друга страна, италијанските медиуми ги пренесуваат информациите дека Аргентинецот вечерва ќе остане на клупата. Наместо него, треба да ја игра Рафиња.
Инаку, Барселона во оваа група има максимум девет поени и вечерва може да обезбеди осминафинале вечерва. Од друга страна, Интер има шест поени, а победата веројатно би значела продолжување на натпреварувањето.
Веројатниот состав на Интер: Хандановиќ; Врсаљко, Де Вриј, Шкриниар, Асамоа; Весино, Брозовиќ, Наинголан; Политано, Икарди, Перишиќ;
Веројатниот состав на Барселона: Тер Штеген; Серхи Роберто, Пике, Ленгле, Жорди Алба; Ракитиќ, Бускетс, Артур; Рафиња, Суарес, Кутињо.



