Меси во 2020 година во Интер, но не во Милано

Лионел Меси секогаш е баран, па дури и ако се чини невозможно да го купат, бидејќи е лојален на клубот во кој дојде како момче.
Меси останува лојален на Барселона, а прашањето е дали тој некогаш ќе ги напушти Каталонците, но легендарниот Дејвид Бекам сака да го донесе во дебитантската сезона на Интер Мајами во МЛС.
Мајами е клуб кој ќе биде освежувачки за МЛС, а со цел да создаде еуфорија и круг на навивачи, потребено е големо фудбалско име. Бекам тоа име сака да биде Меси.
Бекам има големи амбиции со Интер Мајами и планира да преговара со Меси, иако новоформираниот тим допрва треба да го добие стадионот.
Во САД во изминатите години има големи имиња како Бекам, Пирло, Лампард, Џерард, Вила, Ибрахимовиќ …
Планот е да се донесе Меси во 2020 година кога овој тим ќе ја одигра првата сезона во МЛС, а тогаш аргентинскиот фудбалер ќе има 33 години. Но, повторуваме, сé уште е незамисливо Меси да ја напушти Барселона. Но, така беше и со случајот на Кристијано Роналдо, па го напушти Реал Мадрид, но тој не замина во МЛС, туку во Јувентус.



