Меси во ПСЖ го најде виновникот за лошите игри и сега го брка од клубот

Лионел Меси летово како слободен играч премина од Барселона во ПСЖ.
Освен него, во тимот се приклучија и ѕвезди како Рамос, Донарума, Вајналдум и други, но главната цел, Лигата на шампионите, остана само сон, бидејќи Реал Мадрид ги спречи во осминафиналето од елитното натпреварување.
Самиот Лионел Меси ја немаше најдобрата сезона. Во својата прва сезона помината во тимот од Париз, аргентинската ѕвезда постигна само 11 гола и додаде 13 асистенции во своите 33 настапи.
Затоа седумкратниот освојувач на Златната топка бара од ПСЖ повеќе инвестиции и промени. Меси е решен да го освои трофејот во Лигата на шампионите следната сезона, па им порача на шеиците да преземат драстични мерки оваа цел да биде уште поостварлива.
Според L’Equipe, аргентинскиот фудбалер е на мислење дека Маурисио Покетино не го ценел како што треба, па очекува управата на клубот што поскоро да го смени тренерот.
Да потсетиме, Покетино беше постојано на удар на критичарите во текот на сезоната и се споменуваше како наследник на Рангник на клупата на Манчестер Јунајтед, но таму пристигна Ерик тен Хаг, поранешниот тренер на Ајакс.



