„Ми кажа дека оди во Сенегал со баба му бидејќи е уморен, а отиде во Дортмунд и потпиша договор“

Усман Дембеле најверојатно ќе ја напушти Барселона на крајот на оваа сезона.
Дембеле има договор со каталонскиот клуб до крајот на оваа сезона, а челниците на Барселона сакаат тој да ја продолжи соработката, но се чини дека на крајот ништо нема да испадне од тоа.
На вчерашната средба неговиот агент побарал годишна плата од дури 40 милиони евра, што во Барселона веднаш било одбиено. Јасно е дека Барса не може да го исполни тоа поради големата финансиска криза, па се шокирани од однесувањето на Дембеле.
Наводно, тој е лут што клубот бара од него да се согласи на помала плата бидејќи немаат пари, а од друга страна се повеќе пишуваат дека сакаат да заштедат пари за да го доведат Ерлинг Халанд.
На Дембеле очигледно не му се допаѓа тоа што на тој начин се обидуваат да соберат пари за други играчи, а тој изјави дека останува во Барселона само доколку клубот ги исполни условите што им ги поставува.
Сепак, шпанските медиуми пренесуваат дека не е првпат Дембеле така да се однесува кон својот клуб. Многумина се сеќаваа на летото 2016 година кога го напушти Рен и замина во Борусија Дортмунд, а тоа никој во францускиот клуб не го ни знаеше.
Ги излажа челниците на Рен дека оди на одмор во Сенегал, но всушност замина во Дортмунд и потпиша договор со Борусија која го откупи неговиот договор. Слична работа направи и со Борусија една година подоцна за да се пресели во Барселона.
„Ми испрати СМС порака од аеродромот во моментот кога се качи на авионот. Ми напиша дека фудбалот го „уморил“ и дека со баба му оди во Сенегал“, изјави тогашниот спортски директор на Рен, Микаел Силвестре.
Една година подоцна во Дортмунд одби да тренира со тимот и ги пропушти речиси сите подготовки и на тој начин конечно успеа да изнуди заминување во Барселона.



