Connect with us

Фудбал

„Ми се „гади“ од Меси! Што направи за да ја освои Златната топка?“

Трката за освојување на Златната топка започна пред неколку дена кога Франс Фудбал ја објави листата на кандидати за најдобар фудбалер на светот.

Меѓу 30 -те кандидати за најдобри во светот очекувано е и последниот добитник на наградата Лионел Меси и тој повторно е меѓу фаворитите за освојување на престижната награда.

Сепак, легендарниот француски фудбалер Патрис Евра тврди дека му се „гади“ од Меси и дека не направил ништо за да ја освои наградата.

Евра тврди дека наградата треба да оди кај Жоржињо или Н’Гол Канте.

„Според мое мислење, Златната топка треба да ја добие Канте или Жоржињо. Ми се „гади“ од Меси. Што освои минатата година? Во ред, Копа Америка. Но, што направи со Барселона?“, се прашува Евра.

Откако „Франс Фудбал“ објави 30 кандидати, Л’Екип на својата насловна страница објави петмина кои најверојатно ќе бидат во последната борба.

Таму го нема Н’гола Канте, но затоа таму се Жоржињо, Карим Бензема, Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Роберт Левандовски.

Доделувањето на наградата за најдобар фудбалер во светот ќе се одржи на 29 ноември.

Реклама

Facebook

Реклама