SportM
Фудбал

„Ми се згади што Мбапе се однесува како размазено детиште“

Д М4 фев 2020
„Ми се згади што Мбапе се однесува како размазено детиште“

Француската јавност со денови пишува за судирот меѓу Томас Тухел и Килијан Мбапе на натпреварот помеѓу ПСЖ и Монпелје.

ПСЖ го доби овој меч со убедливи 5-0, но сè падна во втор план по расправијата меѓу Тухел и Мбапе. Младиот париски напаѓач беше бесен откако тренерот на оваа екипа реши да го извади од игра во средина на второто полувреме.

Мбапе одфрлаше сè и сешто на својот тренер, кој само го смири бидејќи не сакаше да се расправа во јавноста. Тухел чекаше да заврши натпреварот, а потоа му одржа предавање на Мбапе пред целиот тим во соблекувалната.

На крајот на краиштата, излезе поранешниот француски репрезентативец Кристоф Дугари, кој остро го критикуваше Мбапе за неговото однесување кон Тухел.

„Ми се згади од она што го видов на натпреварот. Мислев дека такво нешто е невозможно. Разочаран сум што го видов Мбапе, кој секогаш изгледаше позрел од другите играчи, делувајќи како размазедно детиште. Тој покажа непочитување кон тренерот и соиграчите и срамно е тоа што го направи “, рече Дугари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.