SportM
Фудбал

Микел Артета излегува од кризата со засилувања

Д М17 дек 2020
Микел Артета излегува од кризата со засилувања

Лондонски Арсенал игра очајно оваа сезона.

По 13 одиграни натпревари, Топџиите се наоѓаат на само 15-то место со 14 освоени бода и тимот игра навистина катастрофално.

Постои голем притисок врз менаџерот Микел Артета. Фановите сметаат дека тој треба да биде отпуштен наскоро доколку серијата лоши резултати продолжи.

Доколку ги преживее следните 20 дена на клупата, Артета во јануари има јасен план како да излезе од кризата, а тоа се засилувања.

Шпанскиот стручњак има двајца играчи на списокот на засилувања. Тоа се Иско (Реал Мадрид) и Хосем Ауар (Лион) и Арсенал скоро сигурно ќе оди на ова дуо во јануари.

Двајцата се поврзуваат со доаѓањето на Емирати веќе некое време. Имаше конкретни разговори, но трансферите не беа извршени.

Сепак, сега Арета напорно се движи за овие играчи. Тој ќе се обиде да ги заврши трансферите и на тој начин да го засили тимот кој не бил толку лош со години, иако тоа беше сезона за заборавање.

Во изминатите години, Арсенал издвои сериозни бројки за засилувања кои не се истакнуваа премногу, па доаѓањето на овие фудбалери како спасители секако треба да се земе во предвид.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.