SportM
Фудбал

Милан го комплетираше трансферот од 20 милиони

Д М12 јул 2022
Милан го комплетираше трансферот од 20 милиони

Без разлика на освоеното Скудето, Милан е свесен дека им треба повеќе засилувања за да стане конкурентен на меѓународен план.

 

Италијанските медиуми пренесуваат дека Шарл Де Кетелаере, офанзивниот играч за врска на Клуб Бриж, во наредните денови ќе стане нов член на Росонерите.

Милан во последните денови ја подобри понудата и 21-годишниот Белгиец ќе плати 20 милиони евра плус можни бонуси.

 

Самиот Де Кетелаере изрази желба да дојде на Сан Сиро и веќе има договор со Росонерите, што дефинитивно ќе го забрза трансферот.

 

Играчот од средниот ред на Клуб Бриж е меѓу најталентираните млади играчи од средниот ред во светот, па не е ни чудо зошто Милан го сака во своите редови.

 

Инаку, Росонерите засега не се многу активни на фудбалскиот пазар, бидејќи во тимот пристигна само Дивок Ориги и тоа бесплатно.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.