SportM
Фудбал

Милан го купи договорот со Томори

Д М1 јун 2021
Милан го купи договорот со Томори

Се уште се чека официјална потврда, но се е готово, Милан го купи договорот на одличниот дефанзивец.

Фикајо Томори дојде во Милано во јануари на позајмица од Челзи и играше навистина фантастично. Во Милан, тие брзо сфатија дека Томори е она што им недостасува во одбраната, па решија да го потпишат на трајна основа.

„Росонерите“ веднаш по завршувањето на сезоната влегоа во преговори со Челзи и наскоро најдоа заеднички јазик.

Милан ќе плати 28 милиони евра отштета. Иако Милан првично имаше желба да ја спушти поставената цена, на крајот не сакаше да ризикува ништо, само за да го задржи одличниот англиски стопер.

Томори има 23 години и претходно играше за Челзи, Дерби, Хал Сити и потекнува од Академијата на Челзи. За Милан, тој забележа 17 настапи во Серија А и постигна еден гол, во победата над Јувентус од 3-0 на крајот на сезоната.

Благодарение на неговите добри игри, Милан успеа да стигне до Лигата на шампионите по седум години чекање.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.