SportM
Фудбал

Милан го купи Лазетиќ од Црвена ѕвезда

Д М27 јан 2022
Милан го купи Лазетиќ од Црвена ѕвезда

Италијанскиот фудбалски великан Милан денес објави за постигнат договор за соработка со напаѓачот Марко Лазетиќ.

Осумнаесетгодишниот фудбалер доаѓа во италијанскиот клуб од Црвена ѕвезда и потпиша договор до 2026 година.

Претходно беше објавено дека трансферот на Лазетиќ клубот ќе го чини четири милиони евра.

Лазетиќ во тековната сезона од српскиот шампионат одигра девет натпревари на кои постигна еден гол.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.