Милан и Атлетико, во трката за Матиќ

Милан се подготвени да го пренесат играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед Немања Матиќ пренесува „Ла Газета дело Спорт“, но се соочуваат со конкуренција од Мадрид.
За играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ во повеќе наврати се шпекулира за можен потег на ривалот на Милан во Интер, бидејќи тренерот Антонио Конте се смета и за голем фан на 31-годишниот фудбалер.
Конте со Матиќ работеше заедно една сезона во Челзи, кога лондонскиот клуб беше прогласен за шампион во Премиер лигата во сезоната 2016/17.
Сепак, „Ла Газета дело Спорт“ сега известува дека Милан е заинтересиран за Матиќ.
Играчот од средниот ред го загуби местото во првиот состав на Манчестер Јунајтед под водство на Солскјер и има остварено само седум настапи во сите натпреварувања оваа сезонаж.
Неговиот договор истекува во јуни следната година и италијанските медиуми веруваат дека Милан ќе го префрли играчот за време на јануарскиот преоден рок за мала сума пари, а играчот бара договор до јуни 20022 година.
Сепак, на Милан нема да му биде лесно да го обезбеди трансферот на Србинот, бидејќи за него се заинтересирани и Атлетико Мадрид.



