SportM
Фудбал

Милан и Рома им забранија на новинарите на „Corriere dello Sport“ да ги следат нивните активности

Д М5 дек 2019
Милан и Рома им забранија на новинарите на „Corriere dello Sport“ да ги следат нивните активности

„Corriere dello Sport“, истакнат италијански весник, утринава се најде во центарот вниманието поради скандалот за насловната страна од весникот весник.

Поточно, тие ја посветија насловната страница на утрешното дерби, каде Интер и Рома се среќаваат на „Меаца“. Објавени се фотографии од Ромелу Лукаку и Крис Смилинг со скандалозен наслов „Црн петок“.

Овој потег сите го толкуваа како расистички. Многу спортски медиуми на Апенините не можат да веруваат дека таков истакнат весник објавил таков расистички наслов.

Многу италијански клубови го осудија овој потег, при што Милан и Рома ги презедоа првите конкретни чекори. „Росонерите“ на официјалната страница објавија дека новинарите на „Corriere dello Sport“ имаат забрана за влез, а истото го стори и Рома.

„Веруваме дека играчите, клубовите, навивачите и сите медиуми мора да бидат обединети во борбата против расизмот и ние мора да преземеме одговорност кога грешиме. За овој наслов „Црн петок“, Милан и Рома решија да им забранат на новинарите на „Corriere dello Sport“ да ги следат нашите настани и да не влегуваат на стадионите каде што играат нашите клубови до крајот на оваа година. Исто така, нашите фудбалери нема да даваат изјави за овој весник“, се огласија од Милан.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.