SportM
Фудбал

Милан размислува да го привлече Венгер на местото на Гатузо

Д М26 окт 2018
Милан размислува да го привлече Венгер на местото на Гатузо

Откако веќе го привлече во својата управа поранешниот шеф на Арсенал, Иван Газидис, Милан размислува да го направи истото и со легендарниот поранешен менаџер на „топџиите“ Арсен Венгер. Се чини дека моментално невработениот Французин е фаворит за позицијата на Џенаро Гатузо.

Вчера навивачите на „росонерите“ требаше да проголтаат прилично горчлив пораз од 1:2 на домашен терен против Бетис во Лига Европа, а тој дојде денови по драматичниот пораз од 0:1 против Интер во градското дерби.

Според „Ла Република“, ситуацијата во клубот станала „исклучително сложена“ за Гатузо. Дневниот весник тврди дека веднаш по поразот од Шпанците имало средба меѓу спортскиот директор Леонардо и претседателот Паоло Скарони, на која двајцата размениле впечатоци околу оваа незавидна ситуација.

Во моментов, Леонардо е на страната на Гатузо, па засега одлуката за неговата иднина ќе остане „замрзната“. Ова сепак не го спречува Венгер да се приклучи кон можните кандидатури, заедно со оние на Антонио Конте и Роберто Донадони, кои исто така во моментот се невработени.

Во летото оваа година, Венгер го заврши својот 22-годишен престој во Арсенал, а во голем дел од нив сораотуваше со Иван Газидис.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.