SportM
Фудбал

Милер: Се враќаме во форма

Д М20 дек 2018
Милер: Се враќаме во форма

Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер, по победата над Лајпциг извојувана синоќа на домашен терен, рече дека тимот се враќа во посакуваната форма.

– Ни беше јасно колку е важна оваа победа. Ние би сакале да играме малку побрзо. Мислам дека заслужено ги освоивме бодовите. Не се обидовме да ризикуваме многу, бидејќи знаевме за предностите на Лајпциг. На крајот победивме и можам да кажам дека се враќаме во форма, вели Томас.

Баерн ја оствари четвртата победа по ред и ја намали разликата на табелата во однос на водечката Борусија Дортмунд на шест бода.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.