Милевски: Не сум задоволен од резултатот, но задоволен сум како одигравме

Македонија иако покажа далеку подобра игра од Бугарија не успеа да слави во Разград.
Благоја Милевски послем ремито од 1:1, даде изјава во која призна дека не е задоволен од резултатот но е задоволен од играта, посебно во второто полувреме.
„Не сум задоволен од резултатот. Мислам дека Македонија беше подобра, одигравме перфектно второ полувреме, а и првото беше ОК. Не можам да не сум задоволен како игравме, но не сум задоволен од резултатот. Го контролиравме мечот во секој дел, посебно во вториот, но во периодот во кој се наоѓаме и фудбалерите не се во најдобра форма, можам да најдам оправдување во завршницата и лошата реализација. Ни се случуваше и во првиот деч, да имаме шанси и не ги реализиравме. Задоволен сум како одигравме“, рече Милевски.



