SportM
Фудбал

Милнер уште една година во Ливерпул

Д М6 јун 2022
Милнер уште една година во Ливерпул

Играчот од средниот ред Џејмс Милнер се согласи да го продолжи договорот со Ливерпул на уште една сезона. Милнер се согласил на значително намалување на платата за да остане на Енфилд, објавија британските медиуми.

Тој одби и две подобри понуди од клубови од Премиер лигата и една од американската МЛС лига.

Неговиот договор истече на 30 јуни и тој би можел да го напушти клубот како слободен играч. Сепак, тренерот Јирген Клоп во разговор со играчот и раководството на клубот истакна дека Милнер е клучен за успехот на Ливерпул.

Милнер оваа сезона одигра 39 натпревари за „црвените“. Тој го имаше своето деби во Премиер лигата како 16-годишник во дресот на Лидс во 2002 година.

Играше и за Астон Вила, Њукасл, Манчестер Сити, а од 2015 година е во Ливерпул за кој одигра 289 натпревари и постигна 26 гола.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.