Минимална победа на Верона, сонот за Европа е жив
Д М4 апр 2022

Верона забележа минимална победа на домашен терен против Џенова и со тоа остана во трка за место кое води во Конференциската лига.
Нова победа на Верона, која го одржува сонот дека тимот на крајот може да се најде меѓу седумте најдобри, место кое води во еврокуповите. Ова би било прво патување на Верона во Европа од сезоната 1987/88.
Избраниците на Игор Тудор не блеснаа, но го постигнаа тоа што требаше. Џенова беше поразена, а единствениот гол беше виден во петтата минута. Го постигна најдобриот стрелец на Верона Симеоне и со тоа донесе три вредни бода.
Верона сега е деветта со шест бода помалку од местото кое води во Конференциската лига, додека Џенова е во зоната за испаѓање.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



