SportM
Фудбал

Миралем Пјаниќ се уште е без вистинското решение за својата кариера

Д М25 авг 2021
Миралем Пјаниќ се уште е без вистинското решение за својата кариера

Миралем Пјаниќ се уште е член на Барселона, иако остануваат само уште шест дена до крајот на преодниот рок.

Искусниот играч за врска преговараше со италијанските тимови претходните денови. Фиорентина покажа најголем интерес за неговите услуги, но не беше постигнат договор.

На крајот, патувањето во Фиренца веројатно и дефинитивно пропадна откако клубот потпиша со Лукас Тореира и сигурно е дека Пјаниќ нема да го носи дресот на овој клуб.

Исто така, речиси исчезнаа шансите тој да се врати во Јувентус, кој покажа интерес за неговите услуги ова лето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miralem Pjanić (@miralem_pjanic)

Пјаниќ очајно сака да се врати во Торино. Сепак, по доаѓањето на Мануел Локатели, вратите на торинскиот великан практично беа затворени за него.

Јувентус не го продаде Арон Ремзи, што беше услов за доаѓање на Пјаниќ. Фудбалерот на Велс моментално е надвор од теренот поради повреда, но тренерот Масимилијано Алегри е задоволен од овој играч и со него ќе има своја минутажа.

Вестон Мекени е фудбалер кој би можел да го напушти Јувентус до крајот на преодниот рок. Сепак, тие не го гледаат Пјаниќ во Торино како негова замена, но имаат други опции.

Во случај на заминување на американскиот играч за врска, Јувентус ќе се обиде да го доведе францускиот фудбалер Аурелиен Чуамени (21) од Монако или неговиот поискусен сонародник од Баерн, Корентин Толисо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miralem Pjanić (@miralem_pjanic)

Така, Пјаниќ најверојатно беше отпишан и во Јувентус. Сигурно е дека нема да се врати во Торино и ќе видиме дали фудбалерот ќе може да се смести во друг тим во наредните денови.

За него нема иднина во Барселона долго време. Тој беше отпишан од Роналд Куман и нема да добие шанса да игра доколку остане.

Покрај Јувентус и Фиорентина, 31-годишниот фудбалер претходно беше поврзуван со Интер и Наполи.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.